Црна хроника
Двајца пешаци со тешки повреди во сообраќајки во Кумановско и Битола
Двајца пешаци, односно старец од Куманово и девојка од Битола, се здобиле со тешки повреди откако биле удрени од автомобили во две одделни соораќајки на регионалниот пат Куманово – Свети Николе, односнo во Битола.
Како што информираат од МВР, првата незгода се случила во раните утрински часови на 4 февруари на регионалниот пат Куманово – Свети Николе, кога автомобил „даеву тико“ со кратовски регистарски ознаки удрил во 85-годишен пешак од Куманово. Автомобилот го управувал 41-годишен кратовец, а пешакот се здобил со тешки повреди, по што бил пренесен во Ургентен центар Куманово.
Во втората сообраќајка, во вечерните часови на 4 фавруари, на битолскиот булевар 1 Мај, автомобил „мерцедес“ со битолски регистарски ознаки удрил во 27-годишна девојка која пешачела. „Мерцедесот„ го управувал 43-годишен битолчанец, а девојката од ударот добила тешки повреди и со возило на брза помош била пренесена во клиничката болница во градот.
И по двете сообраќајки, увид извршиле полициски екипи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.