Црна хроника
Двајца повредени во сообраќајка во Куманово
Две лица се пвредени во сообраќајна несреќа во Куманово. Како што информира МВР, вчера околу 21.20 часот на крстосница од улиците „Иво Лола Рибар“ и „Денко Драганов“ во Куманово, се случила сообраќајна незгода меѓу патничко возило „фолксваген бора“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од С.М.(49) од Куманово и мопед „томос-АПН-6“, управуван од А.К.(26) од Куманово.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил А.К., додека со телесни поврди се здобил сопатникот од мопедот, Џ.С. од Куманово. Тие биле пренесени во болницата во Куманово за укажување лекарска помош. Увид на местото извршила екипа од СВР Куманово.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кумановец го кршел инвентарот на бензинска пумпа, приведен е
Полицијата го приведе С.Д. (27) од Куманово затоа што на бензинска пумпа на улицата Доне Божинов во градот се однесувал агресивно и оштетил дел од инвентарот.
С.Д. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Кривична против битолчанец, ставил под хипотека туѓ недвижен имот во Охрид и стекнал корист од 352 илјади денари
СВР Охрид поднесе кривична пријава против 61-годишниот К. Р. од Битола поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела неизвршување судска одлука и самовластие.
„Тој, свесно и спротивно на судска пресуда, става под хипотека недвижен имот во Охрид сопственост на друго лице и на тој начин стекнал противправна имотна корист од 352.000 денари“, велат од СВР Охрид.
Топ
Го оградил државното земјиште зад Поликлиниката „Бит-пазар“ и наплаќал за приватен паркинг: кривична за скопјанец
Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против А. Р. (62) од Скопје и против правно лице од Скопје за сторено кривично дело узурпација на недвижности од чл. 225 од КЗ на РСМ.
А. Р. како сопственик и управител на второпријавеното правно лице подолг временски период противправно завладеал имот, сопственост на државата, и го ставил во владение на своето правно лице.
Имотот што се наоѓа веднаш до цветниот пазар зад Поликлиниката ‘Бит-пазар’ во Скопје, кој претставува градежно неизградено земјиште во општа употреба во сопственост на државата, А. Р. противзаконски го оградил со наплатна рампа и куќарка за наплата на влез-излез на предметното земјиште, каде што за секој влез-излез наплаќал соодветен паричен надомест и на тој начин го оневозможил слободното движење и користење на предметниот простор од страна на граѓаните и институциите на РСМ.