Црна хроника
Двајца повредени во сообраќајна незгода на патот Охрид – Свети Наум
Две лица се тешко повредени во сообраќајна несреќа што вчера се случила на регионалниот пат Охрид – Свети Наум. Како што информираат од МВР, несреќата се случила кога Г. Џ. (39) од Охрид изгубил контрола над возилото и излетал од патот.
Во незгодата возачот добил тешки телесни повреди, а телесни повреди добила сопатничката М. Џ. (32) од Охрид, по што биле пренесени во болницата „Свети Еразмо“ за укажување лекарска помош. Извршен бил увид на местото на незгодата од екипа од СВР Охрид.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.