Црна хроника
Двајца скопјани нападнати од кучиња скитници
Двајца скопјани во одделни случаи биле нападнати од скучиња скитници. Првиот случај бил пријаен вчера во 14 часот во Полициската станица Центар. 35-годишниот М.М. пријавил дека на 28 јули околу 3:30 часот на ул. Лазар Личеновски бил нападнат од страна на три улични кучиња, од кои едното го каснало во пределот на левата потколеница.
Во полициската станица Карпош, пак, Ѓ.М. (31) од Скопје пријавил дека на 23 јули околу 7 часот на булеварот Партизански одреди бил нападнат и каснат од две кучиња скитници во пределот на десната нога.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Девојче нападнато од соученичка во основно училиште во Гази Баба
Ученичка била нападната пред два дена во основно училиште во Гази Баба.
Според пријавата, девојчето било нападнато од негова соученичка, а за случајот алармирал таткото на натепаното девојче.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Обид за убиство во прилепскиот затвор: со нож избоден осуденик
Полицијата поднесе кривична пријава против С.Р.(28) и Д.К.(39), двајцата од Прилеп, поради убиство во обид.
Од МВР информираа дека инцидентот се случил на 7 април во прилепскиот затвор, каде двајцата издржувале затворски казни.
Тие физички го нападнале осуденикот С.Ч., при што првопријавениот со нож му нанел убодна рана.
Црна хроника
Кривична за вработен во Национални шуми
Полицијата поднесе кривична пријава против Ј.Ш.(49) од Скопје, вработен во ЈП „Национални Шуми“, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „фалсификување службена исправа“.
На 17.07.2023, пријавениот потпишал службена исправа во која внел неточни податоци за количината на натоварените дрва, со намера да се стекне со противправна имотна корист, објави МВР во дневниот билтен.