Црна хроника
Двајца струмичани осомничени за убиство во обид пред хотел во Стар Дојран
Гевгелиската полиција поднесе кривична пријава против двајца струмичани на возраст од 21 и 23 години поради сомнение за сторено кривично дело убиство во обид.
Покрај тоа, против петмина струмичани на возраст од 19 до 24 години поднесени се пријави за помагање во врска со стореното кривично дело убиство во обид.
Како што информираат од МВР, на 1 мај годинава околу 2.30 часот по полноќ, во Стар Дојран, во близина на хотел, поради преходна расправија и физичка пресметка помеѓу двајца од осомничените, од една страна, и трето лице и уште двајца вработени во хотелот, од друга, 23-годишникот, кој се товари за убиство во обид, поттикнат од другите пријавени, со нож што му го дал брат му, му нанел убодни рани на лицето што било на страната на вработените во хотелот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Во Тетовско, во предизборен молк се лепел пропаганден материјал, полицијата го расчистува случајот
Денеска во 01.05 часот полициски службеници од СВР-Тетово постапиле по пријава дека лица кои биле со патничко моторно возило, во тетовски села, во период на предизборен молк, лепат пропаганден материјал за претстојните претседателски избори, при што во тетовско Синичане биле затекнати Р.Р.(19) и малолетник, двајцата од истото село, како поставуваат пропагандни материјали за кандидат за претседател на претстојните претседателски избори, извести МВР.
Со нив е извршен службен разговор во Полициско одделение-Камењане, известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Малолетничка од Куманово нападната од соученик
Вчера велер во 21.32 часот во СВР Куманово, 36-годишната З.Ф. од Куманово, пријавила дека додека се враќала од училиште нејзината малолетна ќерка со остар предмет била нападната од нејзин соученик, извести МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Кривична против тетовец: ја држел својата снаа затворена во домот и ја тепал
СВР Тетово поднесе кривична пријава против 73-годишниот А.К. од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „телесна повреда“ при семејно насилство и „загрозување на сигурноста“, извести МВР.
„Имено пријавениот, својата снаа ја држел затворена во домот, физички ја напаѓал во повеќе наврати и и нанел повреди“, соопшти МВР.