Црна хроника
Двајца тетовци на државно земјиште нелегално изградиле четири објекти
Тетовската полиција поднесе кривична пријава против А. А. (45) и М. А. (48), двајцата од тетовското село Порој, поради сомнение за сторени кривични дела узурпација на недвижности и бесправно градење.
Како што информираат од МВР, пријавените, во својство на инвеститори, во Порој во текот на минатата година извршиле узурпација на државно земјиште со површина од 2.343 квадратни метри, на кое бесправно изградиле четири деловни објекти без да поседуваат соодветна документација.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.