Црна хроника
Две возила се судрија кај Охрид, меѓу повредените и малолетно девојче
Вчера, во 20.15 часот, на крстосницата на магистралниот пат Охрид – Ресен со локалниот пат за селото Куратица, се случила сообраќајна незгода помеѓу две патнички возила oд Битола и Охрид. Со возилата управувале лица на 23 и 22-годишна возраст.
Вo незгодата тешки телесни повреди добиле Охриѓанецот, кој управувал со автомобилот, и малолетното девојче, кое се наоѓало во возилото.
Тие биле пренесени во општата болница, а подоцна и во болницата „Св. Еразмо“, каде што им била укажана лекарска помош. Увид на местото извршила екипа од СВР Охрид.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.