Црна хроника
Две лица нападнале маж што дошол во полиција да ги пријави за насилство
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против лицата И. Д. (51) и Н. Д. (49), двајцата од с. Чегране, Гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело насилство.
Според информациите од МВР, на 24.11.2019, на улицата 18 Ноември во Гостивар, оштетениот Р. Д. (47) од с. Чегране, Гостиварско, со сопругата и синот пристигнале пред Полициската станица Гостивар за да пријават физички напад извршен врз неговиот син, каде што се сретнале со пријавените лица, кои физички го нападнале Р. Д. Првопријавениот при нападот употребил тврд предмет. Од полициски службеници пријавените биле лишени од слобода.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривични за родителите кои им дозволиле на нивните малолетни деца да живеат вонбрачно
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе две кривични пријави против Н.Ф.(38) и С.Ф.(34), двајцата од Пехчево и В.Т.(54) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“.
Пријавените, во период од втората половина на 2023 до 22.02.2024 им овозможиле на нивните малолетни деца, кои се во љубовна врска, да живеат вонбрачно, објави МВР во гдневниот билтен.
Црна хроника
Teтетовец со украдено возило направил сообраќајка
Полицијата поднесе кривична пријава против Л.А.Т. (18) од Тетово поради „тешка кражба“ во обид, „одземање на моторно возило“ и „кражба“.
На 03.02.2024, пријавениот со погоден предмет се обидел да влезе во куќа во Тетово, но бил затекнат од сопственикот.
На 10.02.2024 во двор од куќа одзел патничко возило „цитроен“, а во текот на истиот ден од плац на лице од Тетово одзел мотоцикл „јамаха“, кој го оставил во с.Долно Седларце, тетовско, заедно со патничкото возило, откако направил сообраќајна незгода, објави МВР.
Црна хроника
Се степале вработени во болница во Карпош
Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени во установата.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, објави МВР во дневниот билтен.