Црна хроника
Две лица обвинети за тешка кражба од автобуска станица во Гостивар
Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе обвинение против две лица, од кои едното се товари за кривично дело тешка кражба, додека другото е обвинето за помагање при извршување на кривичното дело.
Обвинетата 28-годишна жителка на селото Вруток на 7 септември минатата година извршила кражба во објектот на автобуската станица во Гостивар.
Вториот обвинет, на возраст од 62 години, ѝ помагал така што ѝ давал совети и упатства како да го изврши кривичното дело.
Како вработено лице кај оштетениот, тој ѝ кажал на обвинетата каде се клучевите од просториите.
Двајцата заедно се упатиле кон билетарниците, каде обвинетата најпрвин од необезбедени простории противправно одзела мобилен телефон „ајфон 5“ и повеќе клучеви.
Откако не успеала да најде соодветен клуч за да ја отклучи вратата од една од билетарниците, таа со физичка сила ја отворила вратата и одзела 5.000 денари во различни апоени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тројца скопјани искасани од кучиња скитници
МВР извести дека изминатиот ден тројца скопјани пријавиле каснување од куче скитник, во полициските станици.
На 23.04.2024 во 17.30 часот во Полициската станица Центар, 34-годишната Д.С. од Скопје пријавила дека во населбата Маџир Маало во Скопје, нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 14.45 часот во Полициската станица Карпош, 44-годишната И.Ф. од Скопје пријавила дека на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 11.55 часот во Полициското одделение Сарај, 70-годишниот А.П. од Скопје пријавил дека кај Спортско рекреативен центар „Сарај“ бил каснат од куче скитник.
Црна хроника
Уапсен прилепчанец, побегнал од затворот во Куманово
Вчера во 20.30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода 29-годишниот Е.М. од Прилеп, извести МВР.
„Тој бил баран со централна потерница врз основа на наредба од Казнено – поправната установа Затвор – Куманово, поради бегство од затворот“, соопшти МВР.
Лицето било спроведено во установата за доиздржување на затворска казна од една година, три месеци и седум дена.
Црна хроника
Уапсен Турчин на Деве Баир, на увид дал фалсификувани документи
Вчера во 20.25 часот на Граничниот премин Деве Баир, полициски службеници го лишиле од слобода 44-годишниот М.Д. од Република Турција, кој управувал товарно возило „мерцедес“ и полуприколка со турски национални ознаки, поради тоа што при извршена пасошка контрола и проверки било констатирано дека двете меѓународни зелени карти за осигурување биле фалсификувани, извести МВР.
Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.