Црна хроника
Две лица осомничени за изнуда – со метална шипка тепале скопјанец за да му го земат возилото
Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против две лица на возраст од 29 и 28 години за изнуда од член 258, став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.
„Осомничените на 14 јануари, заедно и со намера за себе да прибават противправна имотна корист, употребувајќи сила, принудиле едно лице да им го даде своето возило ‘форд ескорт’. Двајцата најпрвин дошле во домот на оштетениот и почнале расправија со него. Потоа еден од осомничените со метална шипка, што ја носел со себе, почнал да го удира оштетениот по телото, а вториот осомничен го удрил оштетениот со бокс во лицето. На тој начин тие го присилиле да им го даде возилото и го напуштиле местото, а следниот ден автомобилот го продале за 11.000 денари. Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка куќен притвор за едниот осомничен, а за другиот побара да бидат определени мерки на претпазливост“, соопшти Обвинителството.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
108 санкционирани возачи во Скопје
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 108 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 14 санкции, шест мерки за користење мобилен телефон при возење, седум санкции за некористење сигурносен појас.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.
Црна хроника
Жена истепана од својот вонбрачен партнер во центарот на Скопје
Вчера попладне во 13.00 часот во СВР Скопје, 48-годишна жена пријавила дека на 21.04.2024 околу 00.15 часот на подрачјето на Центар била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер, 49-годишниот М.М. од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Расправија околу сообраќајна незгода заврши со тепачка меѓу двајца скопјани
Вчера попладне во 17.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Ѓорче Петров, по расправија околу претходно случена сообраќајна незгода, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 60-годишниот В.А. и 34-годишниот М.Ч., двајцата од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.