Црна хроника
Две лица под истрага за изнуда, еден осомничен е во бегство
Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против две лица поради постоење основано сомнение дека сториле кривично дело „изнуда“.
„Осомничените, дејствувајќи во група заедно со уште едно лице кое е во бегство, со намера да прибават противправна имотна корист за себе и со сериозна закана по живот на оштетеното лице, се обиделе да го присилат да им даде 10 000 евра.
Тие во повеќе наврати го контактирале оштетениот и му барале пари, а откако тој ги одбил почнале агресивно да се однесуваат и да му се закануваат по неговиот и животот на неговото семејство. По ова, оштетениот на 14.12.2018 година се согласил да се сретне со нив во еден трговски центар во Скопје и да им ги даде бараните пари, но настанот го пријавил во полиција.
Откако оштетениот се сретнал со осомничените, тие се обиделе насила да го однесат од договореното место, но во намерата ги спречиле полициски службеници, по што осомничените се дале во бегство. Во близина на лице место биле приведени двајца од нив.
Тројцата осомничени веќе подолго време биле организирани во група со намера да му наштетат на оштетениот и во повеќе наврати му се обраќале на различни начини со цел да му изнудат средства. Овие околности укажуваат на стравот дека осомничените, доколку се на слобода, ќе го повторат кривичното дело. Освен ова, постои опасност тие да му влијаат на оштетениот или да се дадат во бегство, со што ќе ја попречат кривичната постапка. Од овие причини, надлежниот јавен обвинител до судија на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничените“, се наведува во соопштението на обвинителството.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Жена истепана од својот вонбрачен партнер во центарот на Скопје
Вчера попладне во 13.00 часот во СВР Скопје, 48-годишна жена пријавила дека на 21.04.2024 околу 00.15 часот на подрачјето на Центар била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер, 49-годишниот М.М. од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Расправија околу сообраќајна незгода заврши со тепачка меѓу двајца скопјани
Вчера попладне во 17.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Ѓорче Петров, по расправија околу претходно случена сообраќајна незгода, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 60-годишниот В.А. и 34-годишниот М.Ч., двајцата од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Во Тетовско, во предизборен молк се лепел пропаганден материјал, полицијата го расчистува случајот
Денеска во 01.05 часот полициски службеници од СВР-Тетово постапиле по пријава дека лица кои биле со патничко моторно возило, во тетовски села, во период на предизборен молк, лепат пропаганден материјал за претстојните претседателски избори, при што во тетовско Синичане биле затекнати Р.Р.(19) и малолетник, двајцата од истото село, како поставуваат пропагандни материјали за кандидат за претседател на претстојните претседателски избори, извести МВР.
Со нив е извршен службен разговор во Полициско одделение-Камењане, известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.