Црна хроника
Две лица под истрага, ја запалиле кафеаната „Мечка“ во Дебар Маало
Основното јавно обвинителство побара притвор за две лица, кои се сомничат дека стојат зад пожарот во кафеаната „Мечка“ во Дебар Маало, што се случи минатиот месец. Семејството на сопственикот на кафеаната беше на вториот кат во објектот за време на пожарот.
„Надлежниот јавен обвинител утврди дека постои основано сомнение дека лицата како соизвршители на 26 ноември со пожар предизвикале значителна опасност по животот на еден оштетен и неговото најблиско семејство, како и поголема имотна штета на објектот – индивидуална станбена куќа и ресторан во скопско Дебар Маало, во сопственост на оштетениот“, се вели во соопштението на Обвинителството.
Како што велат оттаму, осомничените набавиле едно шише запалива течност, а потоа едниот осомничен чувал стража, додека другиот со течноста го полеал внатрешниот дел од оградата на терасата на ресторанот и го запалил. Пожарот за многу кратко време се проширил до вториот кат на објектот, каде што престојувало семејството.
Како што беше претходно објавено, со оглед на тоа што ресторанот се наоѓа спроти главниот влез во ГШ на АРМ, огнената стихија прв ја забележал еден од војниците кои биле дежурни на пријавницата. Тој ги алармирал колегите, кои заедно учествуваа во спасувањето на шестчленото семејство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.