Црна хроника
Две сообраќајни несреќи со смртни последици во Штип и Гевгелија
Во текот на вчерашниот ден на територијата на државата се случиле две сообраќајни незгоди со смртни последици, во кои животот го загубиле две лица, информираат од МВР.
Првата се случила на подрачјето на СВР Штип во попладневните часови, при што било пријавено дека на експресниот пат Штип – Радовиш дошло до судир помеѓу товарно возило „фолксваген крафтер“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.Ј. (30) од Скопје и товарно возило „цитроен берлинго“, со радовишки регистарски ознаки, управувано од М.В. (44) од Радовиш.
На местото на несреќата починал возачот М.В., а смрт констатирал лекар од итната медицинска помош.
Со телесни повреди се здобиле возачот Ј.Ј. и сопатникот од истото возило А.Џ. (44) од Скопје, констатирани во Клиничката болница во Штип.
Подоцна во текот на денот, во 20:45 часот на подрачјето на Гевгелија била пријавена уште една сообраќајка со фатални последици.
Како што информираат од МВР, на улицата Моински пат во Гевгелија, автомобил „фолксваген голф“, со велешки регистарски ознаки, управуван од С.С. (56) од Гевгелија, изгубил контрола и удрил во паркирано возило „фолксваген поло“, кое од ударот се придвижило и удрило во паркирана „опел вектра“.
На местото на несреќата починал возачот С.С, а смрт констатирал лекар од итната медицинска помош.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривични за родителите кои им дозволиле на нивните малолетни деца да живеат вонбрачно
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе две кривични пријави против Н.Ф.(38) и С.Ф.(34), двајцата од Пехчево и В.Т.(54) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“.
Пријавените, во период од втората половина на 2023 до 22.02.2024 им овозможиле на нивните малолетни деца, кои се во љубовна врска, да живеат вонбрачно, објави МВР во гдневниот билтен.
Црна хроника
Teтетовец со украдено возило направил сообраќајка
Полицијата поднесе кривична пријава против Л.А.Т. (18) од Тетово поради „тешка кражба“ во обид, „одземање на моторно возило“ и „кражба“.
На 03.02.2024, пријавениот со погоден предмет се обидел да влезе во куќа во Тетово, но бил затекнат од сопственикот.
На 10.02.2024 во двор од куќа одзел патничко возило „цитроен“, а во текот на истиот ден од плац на лице од Тетово одзел мотоцикл „јамаха“, кој го оставил во с.Долно Седларце, тетовско, заедно со патничкото возило, откако направил сообраќајна незгода, објави МВР.
Црна хроника
Се степале вработени во болница во Карпош
Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени во установата.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, објави МВР во дневниот билтен.