Црна хроника
Деветгодишно дете повредено во сообраќајна несреќа во Тетовско
Деветгодишно дете е повредено во сообраќајна несреќа во Тетовско. Вчера во 15.40 часот на локалниот пат село Групчин-село Ларце, Тетовско, се случила сообраќајна незгода помеѓу „форд фокус“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од А.А. (64) од село Ларце, и „мерцедес“ со германски регистарски ознаки, управувано од Џ.Џ. (28) од село Желино.
Во незгодата повреди добило деветгодишно дете од село Ларце, сопатникот од возилото „форд фокус“. Со друго возило момчето било пренесено во Клиничка болница Тетово и по укажаната лекарска помош, било задржано на понатамошно лекување. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.