Црна хроника
Девет лица од Куба спречени при обид нелегално да преминат граница
Вчера, околу 3 часот, кај граничниот камен 59, на државната граница со Република Грција, полициски службеници од Полициската станица Богородица ги лишиле од слобода М. М. Ј. (37), Р. Ј. Л. Д. Л. К. (24), М. Р. А. (31), М. К. Ј. А. (29), Ч. Л. Е. (28), К. Ч. Л. (39), О. М. М. (43), Г. Д. Ј. Р. (33) и М. Р. А. (43), сите од Куба, спречени при обид нелегално да ја преминат државната граница од нашата држава во Република Грција, надвор од граничен премин, соопшти полицијата.
Додаваат дека од страна на полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија при Регионалниот центар за гранични работи „Југ“ бил известен судија од Основниот Суд во Гевгелија, од чија страна им била изречена глоба и им биле издадени решенија за протерување од државата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.