Црна хроника
Девојка се удави во Вардар, се трага по човек кој скокнал во водата за да ја спаси
Телото на девојка која вчеравечер се удавила во водите на реката Вардар во Гостивар, е пронајдено рано утринава околу 3 часот. Се уште се трага по човек, кој според неофицијалните информации, скокнал во реката и се обидел да ја спаси девојката, но не успеал, јавуваат локалните медиуми.
Двете лица синоќа исчезнале во водите на реката, а полицајци, пожарникари и граѓани цела ноќ трагале по нив.
Според неофицијалните информации, нешто пред полноќ помлада жена била забележана во водите на Вардар кај кланицата. Очевидци тврдат дека еден гостиварец се обидел да ја извлече, но не успеал во намерата и бил повлечен од брзаците на реката. Набрзо потоа, настанот бил пријавен во полиција, по што биле ангажирани екипи на првата помош, полиција и пожарникари.
Идентитетот на лицата по кои се трага, засега е непознат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.