Црна хроника
Девојка уценувана со компромитирачки фотографии, 22-годишник ѝ побарал 200 евра
Момче на возраст од 22 години се товари дека уценувало своја 26-годишна познаничка дека ќе објави компромитирачки фотографии од неа, со што ја присилил да му даде околу 200 евра.
Како што информираат од МВР, 22-годишникот првично побарал 500 евра и со порака и се заканил на девојката дека на „Фејсбук“ ќе објави компромитирачки материјал, доколку не му ги даде парите за да го плати адвокатот во врска со кривична пријава, што таа ја поднела против него, за нанесени телесни повреди.
Девојката го пријавила настанот во полициска станица, по што бил известен и јавен обвинител, по чии насоки биле преземени мерки за расчистување на случајот.
Така, на 26 јануари во угостителски објект на улица „Христо Татарчев“, по претходен договор, пријавениот се сретнал со оштетената која му дала 200 евра.
Кратко потоа на истата локација, полициски службеници го уапсиле момчето.
Против 22-годишникот, жител на селото Орешани, е поведена постапка за сторено кривично дело уцена.
Надлежниот јавен обвинител до судот доставил предлог за определување мерки на претпазливост: забрана за напуштање на живеалиште, обврска повремено да се јавува кај надлежен државен орган, привремено одземање на пасош, како и забрана за приближување или одржување контакти со оштетената.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Приведен крадец во Кавадарци
Вчера во 18.50 часот во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го привеле Ф.Ј.(18) од Кавадарци.
Тој се сомничи дека извршил „кражба“ од дворот на манастирот „Свети Никола Моклишки“ во атар на с.Ваташа, кавадаречко, при што одзел повеќе предмети. Кај него биле пронајдени одземените предмети и биле вратени на сопственикот.
За настанот бил известен јавен обвинител и по негово документирање ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
167 санкционирани возачи во Скопје
Секторот за внатрешни работи Скопје вчера продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 167 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 16 санкции, 10 мерки за возење без возачка дозвола, 14 санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло, девет мерки за користење на мобилен телефон при возење…
Црна хроника
Четири лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Четири лица пријавиле во полициска станица дека биле искасани од кучиња скитници вчера во Скопје.
На 26.03.2024 во 12.55 часот во Полициската станица Центар, А.К.(24) од Прилеп пријавил дека на ул.„Орце Николов“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
На 26.03.2024 во 13.35 часот во Полициската станица Центар, И.А.(60) од Скопје пријавил дека на ул.„Радњанска“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
На 26.03.2024 во 13.50 часот во Полициската станица Центар, В.В.(57) од Охрид пријавил дека во Скопје, на подрачјето на Центар бил каснат од куче скитник.
На 26.03.2024 во 12.45 часот во Полициската станица Аеродром, Д.К.(53) од Скопје пријавила дека на ул.„Беласица“ во Скопје била касната од куче скитник.