Црна хроника
Девојче од Домот „25 Мај“ пријавило дека било силувано во Струга
Четиринеаесетгодишно девојче од Домот за деца со социјални проблеми – Скопје пријавило во полиција дека било силувано во Струга, каде што престојувало во одморалиштето „25 Мај“. Од МВР велат дека работат на расчистување на случајот.
Девојчето вчера во 23 часот во Полициската станица Струга пријавило дека истиот ден околу 16 часот било силувано. Според пријавата, девојчето било на плажа и потоа заминало кон излезот од Струга. Таму било пресретнато од непознато лице со непознато возило, кое се понудило да го превезе. По кратко време лицето застанало во близина на село Калишта и го сторило делото, по што го вратило девојчето во одморалиштето. Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тетовчанец агресивно се однесувал со полицаец кој вршел обезбедување на претседателските избори
Вчера во 18.45 часот полициски службеници од СВР Тетово пред влезот на основно училиште во Тетово го привеле Ѓ.Ј.(37) од Тетово, затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеник кој вршел обезбедување при одржувањето на претседателските избори.
По документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Тројца скопјани искасани од кучиња скитници
МВР извести дека изминатиот ден тројца скопјани пријавиле каснување од куче скитник, во полициските станици.
На 23.04.2024 во 17.30 часот во Полициската станица Центар, 34-годишната Д.С. од Скопје пријавила дека во населбата Маџир Маало во Скопје, нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 14.45 часот во Полициската станица Карпош, 44-годишната И.Ф. од Скопје пријавила дека на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 11.55 часот во Полициското одделение Сарај, 70-годишниот А.П. од Скопје пријавил дека кај Спортско рекреативен центар „Сарај“ бил каснат од куче скитник.
Црна хроника
Уапсен прилепчанец, побегнал од затворот во Куманово
Вчера во 20.30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода 29-годишниот Е.М. од Прилеп, извести МВР.
„Тој бил баран со централна потерница врз основа на наредба од Казнено – поправната установа Затвор – Куманово, поради бегство од затворот“, соопшти МВР.
Лицето било спроведено во установата за доиздржување на затворска казна од една година, три месеци и седум дена.