Црна хроника
Дете се обидело да украде накит од вратот на скопјанец, кривична пријава за родителите
Против родителите на малолетник од Скопје ќе биде поднесена кривична пријава откако тој се обидел да украде накит од минувач на улицата Максим Горки во главниот град.
„На 3.10.2021 во центарот на Скопје полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од Скопје, затоа што на улицата Максим Горки со употреба на сила се обидел да одземе накит од вратот на Л.Н.(65) од Скопје. Малолетникот бил предаден на родителите, а за настанот бил известен Јавен обвинител за малолетници. По целосно документирање на случајот против родителите на малолетникот ќе биде поднесена пријава по член 201 од Кривичниот законик, додека против малолетникот ќе биде поднесено известување до Основното јавно обвинителство за сторено кривично дело“, соопшти МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Почина затвореник во Идризово
Вчера во 19:15 часот во СВР Скопје, од Казнено поправна установа Идризово Скопје било пријавено дека Р.Ф.(52) од с.Речане-гостиварско (осудено лице) починал, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи знаци на насилство.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.
Црна хроника
Украден сеф со пари од продажен објект во Карпош
Во 03.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во продажен објект на подрачјето на Карпош, од страна на непознати сторители, со употреба на физичка сила било влезено и одземен бил сеф со пари.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Со трактор излетал од коловоз, тешко повреден маж во Виничко
Вчера, во 17 часот, во Полициската станица Виница било пријавено дека во село Трстија, Виничко, трактор „фергусон“, со штипски регистарски ознаки, управуван од 63-годишниот С. Ј. од село Нов Караорман, општина Карбинци, излетал од коловозот, извести МВР.
„Во несреќата тешки телесни повреди добил возачот, констатирани во Клиничката болница во Штип“, соопшти МВР.
Извршен бил увид од екипа на ОВР Виница.