Црна хроника
Дилер на кокаин и хероин уапсен во Скопје
Во текот на попладневните часови на 7 март полициски службеници по судска наредба извршиле претрес во дом на 33-годишен скопјанец, при што пронашле стаклена тегла исполнета со пакувања со бела прашеста материја, кеса со кафеава прашеста материја, дигитална вага, пари во вредност од 350 евра и 64.000 денари, телефон и други предмети.
Од вештачењето било констатирано дека белата прашеста материја со вкупна тежина од околу 270 грама е кокаин, кафеавата прашеста материја со вкупна тежина од 100 грама е хероин, додека на дигиталната вага биле пронајдени остатоци од хероин и кокаин.
Дилерот кој е евидентиран во крим-евиденцијата како сторител на кривични дела, за што имал и правосилни судски пресуди, бил уапсен и одведен во Полициската станица во Гази Баба.
Против него е поднесена кривична пријава поради сомнение за кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“, а како што информираат од МВР, акцијата била спроведена со соработка меѓу скопската и тетовската полиција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.