Црна хроника
Директор за свои потреби си зел месо наменето за Домот за стари лица во Прилеп
Прилепската полиција поднесе кривична пријава против 56-годишниот прилепчанец Д. Р. за сторено кривично дело злоупотреба на службената положба и овластувањето, кое го направил како директор на Домот за стари лица.
Како што информираат од МВР, во периодот од 2009 до 2015 година пријавениот како в.д. директор во Домот за стари лица ЈОУ „Киро Крстески – Платник“, во договор со одговорните лица од претпријатието „Марфил“ – Прилеп, подигнал поголеми количини сувомесни производи и месо за свои потреби за кои приемот го потврдувал со потпис и примал фактури што гласеле на име на Домот за стари лица.
На овој начин Д. Р. го оштетил Домот за стари лица за износ од 294.766 денари. Исто така, пред да биде разрешен од позицијата в.д. директор тој побарал од одговорното лице во магацинот да начини документација со која ќе го потврди приемот на производите наведени во споменатите фактури.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривични за родителите кои им дозволиле на нивните малолетни деца да живеат вонбрачно
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе две кривични пријави против Н.Ф.(38) и С.Ф.(34), двајцата од Пехчево и В.Т.(54) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“.
Пријавените, во период од втората половина на 2023 до 22.02.2024 им овозможиле на нивните малолетни деца, кои се во љубовна врска, да живеат вонбрачно, објави МВР во гдневниот билтен.
Црна хроника
Teтетовец со украдено возило направил сообраќајка
Полицијата поднесе кривична пријава против Л.А.Т. (18) од Тетово поради „тешка кражба“ во обид, „одземање на моторно возило“ и „кражба“.
На 03.02.2024, пријавениот со погоден предмет се обидел да влезе во куќа во Тетово, но бил затекнат од сопственикот.
На 10.02.2024 во двор од куќа одзел патничко возило „цитроен“, а во текот на истиот ден од плац на лице од Тетово одзел мотоцикл „јамаха“, кој го оставил во с.Долно Седларце, тетовско, заедно со патничкото возило, откако направил сообраќајна незгода, објави МВР.
Црна хроника
Се степале вработени во болница во Карпош
Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени во установата.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, објави МВР во дневниот билтен.