Црна хроника
Дисциплинска постапка за полицајци кои демонстрирале сила на социјалните мрежи
МВР поведе дисциплинска постапка против двајца полицајци кои објавувале фотографии со навредлива содржина на социјалните мрежи кон граѓани кои поради вонредната состојба ги почитуваат препораките на Владата и се наоѓаат во изолација. Исто така, поднесена е прекршочна пријава против едно лице од Прилеп поради лажно претставување на социјалните мрежи како полициски службеник.
Ваквите мерки се преземени откако на социјалните мрежи беа објавени две фотографии на кои лица облечени во полициска униформа со навредлива содржина кон граѓаните кои поради вонредната состојба ги почитуваат препораките на Владата и се наоѓаат во изолација, а со тоа се штитат себеси и другите од ширењето на вирусот Ковид 19.
„Министерството за внатрешни работи најостро го осудува ваквиот недоличен и недопустлив начин на однесување, особено на полициски службеници, и согласно процедурите веднаш изврши проверки дали станува збор за вработени во МВР. При извршените проверки беше утврдено дека двете лица на една од фотографиите заеднички фотографирани во возило станува збор за овластени полициски службеници, истите веднаш се повикани на разговор во внатрешна контрола на МВР, при што против нив најитно поведе дисциплинска постапка за чија содржина и исход ќе ја известиме јавноста по утврдување на сите факти.
Во врска со другата фотографија каде едно лице е фотографирано само, МВР утврди дека не станува збор за полициски службеник туку за граѓанин А.А (27) од Прилеп, кој веднаш по утврдување на идентитетот е повикан во ОВР Прилеп на разговор и по утврдените факти и разговорот со него, МВР против него ќе поднесе прекршочна пријава по член 23 од Законот за прекршоци против ЈРМ во висина од 600 до 800 евра глоба, заради лажно претставување на социјалните мрежи како полициски службеник, носејќи полициска мајца со полициски ознаки. Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните и до полициските службеници да бидат крајно внимателни со содржините на објавите на социјалните мрежи и воедно потенцираме дека најстрого ќе бидат казнувани сите лица кои со ваквото недолично и непрофесионално однесување го нарушуваат угледот на полицијата, се вели во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривични за родителите кои им дозволиле на нивните малолетни деца да живеат вонбрачно
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе две кривични пријави против Н.Ф.(38) и С.Ф.(34), двајцата од Пехчево и В.Т.(54) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“.
Пријавените, во период од втората половина на 2023 до 22.02.2024 им овозможиле на нивните малолетни деца, кои се во љубовна врска, да живеат вонбрачно, објави МВР во гдневниот билтен.
Црна хроника
Teтетовец со украдено возило направил сообраќајка
Полицијата поднесе кривична пријава против Л.А.Т. (18) од Тетово поради „тешка кражба“ во обид, „одземање на моторно возило“ и „кражба“.
На 03.02.2024, пријавениот со погоден предмет се обидел да влезе во куќа во Тетово, но бил затекнат од сопственикот.
На 10.02.2024 во двор од куќа одзел патничко возило „цитроен“, а во текот на истиот ден од плац на лице од Тетово одзел мотоцикл „јамаха“, кој го оставил во с.Долно Седларце, тетовско, заедно со патничкото возило, откако направил сообраќајна незгода, објави МВР.
Црна хроника
Се степале вработени во болница во Карпош
Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени во установата.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, објави МВР во дневниот билтен.