Црна хроника
Драма пред скопски ресторан – крадец се тепал со луѓе што го спречиле да побегне со мотор
Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – разбојничка кражба, донесе денеска јавен обвинител од скопското Основно јавно обвинителство.
Осомничениот 36-годишник на 29 јули бил затечен при кражба во угостителски објект на улицата Славе Георгиевски – Шнајдер, при што употребил сила и нападнал двајца оштетени – татко и ќерка.
Тој преку прозорецот влегол во угостителскиот објект и одзел три телевизори во вкупна вредност од 100.000 денари. Но, притоа бил затекнат од оштетениот и неговата ќерка, кои се обиделе да повикаат полиција.
Во тој момент осомничениот ја удрил оштетената со тупаница во пределот на главата, ја турнал и се обидел да го удри татко ѝ, кој го одбил ударот со раката. Пријавениот се обидел да избега од местото на настанот со својот мотор со приколка, но оштетениот и еден случаен минувач успеале да го задржат.
За тоа време оштетената настанот го пријавила во блиската полициска станица по што полицајци го уапслиле 36-годишниот разбојник.
Надлежниот јавен обвинител до судија на претходна постапка доставил предлог за определување мерка притвор за осомничениот поради опасност од бегство и можност да го повтори делото.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.