Црна хроника
Дрога, пари и украдени предмети пронајдени во домовите на тројца криминалци од Дојран
Во полициска акција во Стар и Нов Дојран рано утрово лишени од слобода биле Д. Р. (43) и Е. И. (27), двајцата од Стар Дојран, и Т. А. (56) од Нов Дојран.
Како што информираат од МВР, при претреси во нивните домови, извршени со судска наредба, биле пронајдени и одземени дрога и други предмети што потекнуваат од кривични дела.
Имено, при претрес во домот на Д. Р. биле пронајдени и одземени марихуана, предмети со остатоци од прашеста материја, пари и други предмети што потекнуваат од сторени кривични дела тешка кражба и кражба извршени на подрачјето на општина Дојран.
Во домот на Е. И. биле пронајдени и одземени марихуана, пари и предмети што исто така потекнуваат од сторени кривични дела тешка кражба и кражба на подрачјето на општината.
При претресот во домот на Т. А. биле пронајдени марихуана и стебла од растението канабис.
Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Ја нападнал на работно место во Карпош, па и се заканувал со нож на поранешната сопруга
Вчера било пријавено дека 33-годишна жена на подрачјето на Карпош била нападната од својот поранешен сопруг кој притоа и се заканил со нож.
„На 17.04.2024 во 19.00 часот во СВР Скопје, 33-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 12.00 часот на работното место во фирма на подрачјето на Карпош била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг З.Б.(37) од Скопје, кој ѝ се заканил и со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“.
Црна хроника
Ограбиле менувачница во Чаир, украле сеф со пари и избегале со возило без таблички
Вчера во 10.15 часот во СВР Скопје, М.Д.(42) од Скопје пријавил дека околу 04.20 часот неколку лица со употреба на сила и погоден предмет влегле во неговата менувачница на подрачје на Чаир и одзеле сеф со пари, по што заминале со патничко возило „фолксваген џета“ без регистарски ознаки.
По преземени мерки и активности, возилото било пронајдено на паркинг простор на подрачје на Чаир.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија.
На 16.04.2024 во 11.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во нотарска канцеларија во Скопје, Б.Ј. од Скопје физички нападнал една вработена.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.