Црна хроника
Еден загинат и петмина повредени во тешка сообраќајна несреќа на патот Охрид-Кичево
На магистралниот пат Охрид-Кичево синоќа се случи тешка сообраќајна незгода во која животот го загуби 45-годишен маж од струшкото село Велешта, а со живеалиште во Германија. Несреќата се случила кога тој со својот автомобил се судрил со друго возило, кое го управувал 32-годишен кичевец.
Во незгодата Х.Р. добил тешки телесни повреди по што со возило на итната медицинска помош бил пренесен во болницата „Свети Еразмо“ во Охрид, каде што во 23.40 часот починал.
Повреди добиле возачот и сопатникот од другото возило, како и сопатниците од возилото на загинатиот и две деца на возраст од осум и 14 години, кои биле пренесени и задржани на лекување во болницата „Свети Еразмо“.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Охрид. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција. Се работи на целосно расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Мотоциклист удри во пешак на „Партизанска“, двајцата повредени
Синоќа, на булеварот Партизански одреди во Скопје, мотоцикл „дукати“, со скопски регистарски ознаки, управуван од Е. П. (27) од Скопје, удрил во пешакот Н. Ѓ. (30) од с. Рашче, Скопско.
Во несреќата тешки телесни повреди добил пешакот, а мотоциклистот добил телесни повреди, констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје, објави МВР.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.
Црна хроника
Почина затвореник во Идризово
Вчера во 19:15 часот во СВР Скопје, од Казнено поправна установа Идризово Скопје било пријавено дека Р.Ф.(52) од с.Речане-гостиварско (осудено лице) починал, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи знаци на насилство.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.
Црна хроника
Украден сеф со пари од продажен објект во Карпош
Во 03.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во продажен објект на подрачјето на Карпош, од страна на непознати сторители, со употреба на физичка сила било влезено и одземен бил сеф со пари.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.