Црна хроника
Едно лице повредено во сообраќајна несреќа на патот Охрид – Кичево
Вчера, во 13.10 часот, на магистралниот пат Охрид – Кичево, кај селото Сливово, општина Дебрца, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел“, со кичевски регистарски ознаки, управувано од С. Р. (50) од кичевското село Црвевци, и товарно возило „ман“, со велешки регистарски ознаки, управувано од Н. К. (53) од велешкото село Бузалково.
Во незгодата тешки телесни повреди добил возачот на патничкиот автомобил, констатирани во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид, каде што бил префрлен за укажување лекарска помош. Увид на местото на незгодата извршија јавен обвинител и полициски екипи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Почина затвореник во Идризово
Вчера во 19:15 часот во СВР Скопје, од Казнено поправна установа Идризово Скопје било пријавено дека Р.Ф.(52) од с.Речане-гостиварско (осудено лице) починал, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи знаци на насилство.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.
Црна хроника
Украден сеф со пари од продажен објект во Карпош
Во 03.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во продажен објект на подрачјето на Карпош, од страна на непознати сторители, со употреба на физичка сила било влезено и одземен бил сеф со пари.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Со трактор излетал од коловоз, тешко повреден маж во Виничко
Вчера, во 17 часот, во Полициската станица Виница било пријавено дека во село Трстија, Виничко, трактор „фергусон“, со штипски регистарски ознаки, управуван од 63-годишниот С. Ј. од село Нов Караорман, општина Карбинци, излетал од коловозот, извести МВР.
„Во несреќата тешки телесни повреди добил возачот, констатирани во Клиничката болница во Штип“, соопшти МВР.
Извршен бил увид од екипа на ОВР Виница.