Црна хроника
Единаесет сообраќајни незгоди во Скопје, четворица повредени и над 60 возила подигнати од „пајакот“
Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Скопје се случиле 11 сообраќајни незгоди, од кои една со тешки телесни повреди, три со телесни повреди и седум со материјална штета.
При сообраќајните незгоди едно лице добило тешки телесни повреди, а четири лесни телесни повреди. Санкционирни се 47 возачи поради возење со брзина поголема од дозволената. Дваесет возачи се исклучени од сообраќај: 18 од нив затоа што управувале возила, без да стекнат право за управување со возило, потоа еден возач бидејќи возел под дејство на алкохол и уште еден затоа што бил возач почетник.
Тројца возачи се санкционирани бидејќи поминале крстосница на црвено светло, петмина затоа што не дале првенство на минување на возила во зона на крстосница, а 11 возачи не користеле заштитен шлем. Покрај ова, 22 возила се исклучени од сообраќај бидејќи 20 биле нерегистрирани, а две поради техничка неисправност.
Во однос на пешаците санкционирани се шестмина пешаци што поминале коловоз надвор од пешачки премин и шестмина што поминале коловоз на црвено светло. Во текот на изминатиот ден издадени се 82 мандатни платни налога, а 61 возило се подигнати со „пајакот“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.