Црна хроника
Вчера во Скопје единаесет сообраќајни несреќи
Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле 11 сообраќајни незгоди, од кои пет со лесни телесни повреди и шест со материјална штета.
Во сообраќајните незгоди 11 лица добиле лесни телесни повреди. Од преземените мерки и активности констатирано е дека 58 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 24 возачи, од кои: шест возачи поради тоа што управувале моторно возило под дејство на алкохол, 13 возачи управувале возила без да стекнат право за управување моторно возило, двајца бидејќи биле возачи почетници и три возачи поради сторени други прекршоци.
Исто така, исклучени од сообраќај се и 17 возила: 15 поради истечена важност на сообраќајната дозвола и две возила поради техничка неисправност. Не е санкциониран ниту еден возач поради поминување на крстосница на црвено светло, поради неправилно престројување, недавање првенство на минување на пешаци и поради користење мобилен телефон додека управувале моторно возило. Исто така, не е санкциониран ниту еден пешак. Во текот на изминатиот ден издадени се 207 мандатни платни налози, а 58 возила се подигнати со специјалното возило „пајак“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
На 19.04.2024 во 12.00 часот во Свети Николе, полициски службеници од Полициската станица Свети Николе ги лишиле од слобода Д.С.(34) и Д.С.(34), двајцата од Свети Николе. При претрес во нивниот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана.
Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
Денеска (20.04.2024) во 00.55 часот во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид го лишиле од слобода Б.Н.(33) од Охрид. Откако бил забележан од полициските службеници во неговото возило, тој фрлил кесичка со бела прашкаста материја која била пронајдена и одземена.
Подоцна, со судска наредба, бил извршен и претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, дигитална вага со остатоци од бела прашкаста материја и други предмети со остатоци од бела прашкаста материја.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.