Црна хроника
Едно лице тешко повредено во сообраќајка во Гостивар
Едно лице е тешко повредено во сообраќајна несреќа што се случила синоќа на ул. ЈНА во Гостивар.
Според информациите, несреќата се случила меѓу „фолксваген голф“, со тетовски регистарски ознаки, управувано од Ќ.И.(47) од с. Желино, Тетовско, товарно возило „пежо“, управувано од А.У.(46) од с. Здуње, Гостиварско, и патничко возило „мерцедес“, управувано од В.С.(34) од Гостивар, двете со гостиварски регистарски ознаки.
Во несреќата возачот А.У. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Ургентен центар во Гостивар. Увид извршила екипа од Полициската станица Гостивар.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Маж и женa нападнати со метален предмет во Ранковце
Синоќа во 22.50 часот во Полициско одделение Ранковце Д.И. (34) пријавил дека во село Ранковце со метален предмет бил нападнат од Т.А. , а исто така Б.Т. пријавила дека била физички нападната од Д.И.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче
Радовишанец со месеци силувал малолетничка
Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.