Црна хроника
Екс-стечаен управник украл пари од доверителите на пропаднатата штедилница ТАТ
СВР Битола поднесе кривична пријава против Д.Ј. (66) од Битола, поранешен стечаен управник на ТАТ штедилница Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.
Пријавениот, во својство на стечаен управник на ТАТ штедилница Битола, ја искористил својата службена положба и овластување и во периодот од 2009 до 2016 година, при авансни распределби на парични средства од стечајна маса, на стечајниот должник ТАТ штедилница, несовесно постапувал со стечајната маса и за себе остварил имотна корист од 1.070.500 денари.
Пријавениот поднесувал предлози за авансна распределба на парични средства од стечајната маса, за што добивал решенија од Стечајниот Совет, иако знаел дека на сметката на ТАТ нема доволно парични средства. За да го обезбеди потребното салдо на парични средства за исплата на сите доверители, истиот ги повлекувал паричните средства од доверители кои од различни причини не ги имале подигнато од своите сметки во Стопанска Банка АД Битола, и на тој начин обезбедувал парични средства за нови исплати.
Процентуално, повторно ќе им биле исплатени парични средства на доверителите, но само онолку колку им следува со новата распределба. Доколку се јавеле такви доверители кои не си ги имале подигнато средствата од претходни распределби, тогаш дополнително им се вршела исплата од сметката на ТАТ. По донесувањето на секое решение за авансна распределба на парични средства од стечајната маса, пријавениот поднесувал барање до Стечајниот Совет, за добивање на дополнителна парична награда одредена според Правилникот за награда и надомест на реално потребни трошоци на стечајниот управник. Судскиот Совет во пет наврати донел решенија со кои му се одредува парична награда во вкупен износ од 1.070.500 денари./крај/мф/кс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Ја нападнал на работно место во Карпош, па и се заканувал со нож на поранешната сопруга
Вчера било пријавено дека 33-годишна жена на подрачјето на Карпош била нападната од својот поранешен сопруг кој притоа и се заканил со нож.
„На 17.04.2024 во 19.00 часот во СВР Скопје, 33-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 12.00 часот на работното место во фирма на подрачјето на Карпош била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг З.Б.(37) од Скопје, кој ѝ се заканил и со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“.
Црна хроника
Ограбиле менувачница во Чаир, украле сеф со пари и избегале со возило без таблички
Вчера во 10.15 часот во СВР Скопје, М.Д.(42) од Скопје пријавил дека околу 04.20 часот неколку лица со употреба на сила и погоден предмет влегле во неговата менувачница на подрачје на Чаир и одзеле сеф со пари, по што заминале со патничко возило „фолксваген џета“ без регистарски ознаки.
По преземени мерки и активности, возилото било пронајдено на паркинг простор на подрачје на Чаир.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија.
На 16.04.2024 во 11.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во нотарска канцеларија во Скопје, Б.Ј. од Скопје физички нападнал една вработена.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.