Црна хроника
Жена загина, а двајца тешко се повредени кога со возило излетале од патот кај Кичево
Една жена почина, а две лица тешко се повредени во сообраќајна несреќа што се случила синоќа на регионалниот пат Македонски Брод – Кичево.
Според информациите, автомобил „бмв“ излетал од патот кај крстосницата за селото Лисичани, при што возачот и две сопатнички биле итно пренесени во болница, каде што едната починала.
Возачот С. А. (45) од село Пласница, сопатничката Е. А. (44) и уште една малолетна сопатничка од истото село биле пренесени во Општата болница во Кичево, каде што Е. А. (44) починала, а кај С. А. и кај другата сопатничка биле констатирани тешки телесни повреди.
Увид на местото на несреќата извршиле јавен обвинител и полициски екипи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
На 19.04.2024 во 12.00 часот во Свети Николе, полициски службеници од Полициската станица Свети Николе ги лишиле од слобода Д.С.(34) и Д.С.(34), двајцата од Свети Николе. При претрес во нивниот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана.
Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
Денеска (20.04.2024) во 00.55 часот во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид го лишиле од слобода Б.Н.(33) од Охрид. Откако бил забележан од полициските службеници во неговото возило, тој фрлил кесичка со бела прашкаста материја која била пронајдена и одземена.
Подоцна, со судска наредба, бил извршен и претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, дигитална вага со остатоци од бела прашкаста материја и други предмети со остатоци од бела прашкаста материја.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.