Топ
Жена изгоре во пожар во куќа во Стар Дојран
Утрово во пожар во куќа на улицата „Маршал Тито“ во Стар Дојран, изгоре жена.
Пожарот бил изгаснат од екипа на територијалната противпожарна единица, по што во куќата било пронајдено починато женско лице.
Увид бил извршен, а по наредба на Јавен обвинител телото ќе биде дадено на обдукција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Повеќе од половина Србија обоена во жолто: Итно предупредување поради можно невреме
Жолта метеоролошка тревога е на сила на повеќе од половина од териториите во Србија и тоа во Бачка, Банат, Срем, Белград, Западна Србија, Поморавље и Шумадија, со цел да се предупреди за можна појава на грмежи.
Се очекува слаб до умерен дожд во областа Бачка.
Во Бачка во следните два часа на места ќе има врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет.
Инаку, жолтиот метео аларм се „вклучува“ кога времето може да биде потенцијално опасно, поточно кога се предвидуваат опасни временски појави.
„Тие се со таков интензитет што можат да предизвикаат материјална штета и да бидат опасни за луѓето и животните. Треба да бидете многу внимателни, свесни за ризиците и редовно информирани за деталите за очекуваните метеоролошки услови“ велат од надлежните државни служби.
Свет
Американскиот Сенат одобри помош од 95 милијарди долари за Украина, Израел и Тајван
Американскиот Сенат усвои закон со кој се одобрува пакетот безбедносна помош за Израел, Украина и Тајван во вкупна вредност од 95 милијарди долари.
За усвојување на законот кој го изгласа Конгресот по неколкумесечно одложување гласаа 79 сенатори, а против 18, што е многу повеќе од потребното мнозинство во Сенатот од 100 членови за законот да биде усвоен.
За да стапи на сила законот, треба да го потпише американскиот претседател Џозеф Бајден.
Пакетот за помош предвидува 61 милијарда долари за Украина, 26 милијарди за Израел и околу 8,12 милијарди за „контра комунистичка Кина“ во Индо-пацификот, додека четвртиот дел од пакетот е наменет за мерки што ќе доведат до потенцијална забрана на апликацијата TikTok во САД, мерките според кои замрзнатите руски средства ќе бидат префрлени во Украина и ќе бидат воведени нови санкции кон Иран, пренесува Ројтерс.
„Ќе го потпишам овој предлог-закон веднаш штом ќе пристигне на моето биро утре и ќе им помогнам на Американците за да започнеме со испраќање оружје и опрема во Украина оваа недела. Потребата е итна: за Украина, која се соочува со немилосрдно бомбардирање од Русија, за Израел, кој штотуку се соочи со невиден напад од Иран, за бегалците и оние кои се погодени од конфликти и природни катастрофи низ светот, вклучително и во Газа, Судан, Хаити. “, рече Бајден.
Топ
Маж во САД ги убил сопругата и трите деца, едно дете преживеало
Пет мртви тела, меѓу кои и три деца, се пронајдени во куќа во американската сојузна држава Оклахома. Од полицијата велат дека мажот ги убил сопругата и трите деца, а потоа се самоубил.
Полицијата верува дека Џонатан Кенди (42) се скарал со сопругата, 39-годишната Линдзи Кенди, а потоа и пукал повеќе пати. После тоа, тој ја обиколил куќата, барајќи ги децата и пукал и ги убил. Убиени се 18-годишниот Дилан, 14-годишниот Итан и 12-годишниот Лукас.
„Ги бркаше децата низ куќата“, соопшти полицијата, а пренесува ABC News.
Целиот настан го преживеал само десетгодишниот син, кој спиел за време на пукањето. 10-годишното момче се јавило на 911 во понеделникот наутро и кажало дека сите во куќата се мртви. Засега не е познато зошто 10-годишното момче не е повредено.