Црна хроника
Жена од Неготино итно пренесена на скопските клиники, партнерот ја претепал
Четириесет и шестгодишна жена од Неготино е во кома откако 51-годишен маж со кого била во љубовна врска, ноќеска ја претепал.
Според информациите од МВР, жената била пренесена во скопските клиники за укажување на лекарска помош.
П.Н.(51) од Неготино ноќеска бил приведен, а за настанот е известен Јавен обвинител.
Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Неготино. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.