Црна хроника
Жител на Желино обвинет за две разбојништва врз таксисти во Скопје
Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против 28-годишен жител на Желино, кој напаѓал и ограбувал таксисти.
На 28 февруари обвинетиот и уште едно засега непознато лице влегле во такси-возило на улицата Димитрија Чуповски и побарале од таксистот да ги вози до хотел во близина на „Скопски саем“. Кога стигнале на булеварот Никола Карев, во близина на клучката за Чаир, му кажале на таксистот да го запре возилото.
Обвинетиот од задното седиште го фатил таксистот за јаката, го повлекол назад и му ставил нож под вратот заканувајќи му се дека ќе го убие ако не им ги даде парите.
Неговиот сопатник, кој седел на совозачкото седиште, за тоа време почнал да пребарува во преградите на возилото, го пронашол паричникот на таксистот, од каде што украл 950 денари, а му го украле и мобилниот телефон на таксистот вреден 6.000 денари.
Потоа двајцата избегале.
На 4 март на сличен начин обвинетиот запрел такси-возило на улицата Џон Кенеди, се качил во автомобилот и побарал да биде одвезен до еден хотел. Пристигнувајќи во близина на наведената локација, повторно со нож му се заканил на таксистот и одзел 1.500 денари и мобилен телефон вреден 8.500 денари.
Бидејќи сѐ уште постојат околности што упатуваат на опасност од бегство, можност обвинетиот да влијае врз сведоците и оштетените и веројатност тој да го повтори делото, јавен обвинител побара да му се продолжи притворот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривични за родителите кои им дозволиле на нивните малолетни деца да живеат вонбрачно
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе две кривични пријави против Н.Ф.(38) и С.Ф.(34), двајцата од Пехчево и В.Т.(54) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“.
Пријавените, во период од втората половина на 2023 до 22.02.2024 им овозможиле на нивните малолетни деца, кои се во љубовна врска, да живеат вонбрачно, објави МВР во гдневниот билтен.
Црна хроника
Teтетовец со украдено возило направил сообраќајка
Полицијата поднесе кривична пријава против Л.А.Т. (18) од Тетово поради „тешка кражба“ во обид, „одземање на моторно возило“ и „кражба“.
На 03.02.2024, пријавениот со погоден предмет се обидел да влезе во куќа во Тетово, но бил затекнат од сопственикот.
На 10.02.2024 во двор од куќа одзел патничко возило „цитроен“, а во текот на истиот ден од плац на лице од Тетово одзел мотоцикл „јамаха“, кој го оставил во с.Долно Седларце, тетовско, заедно со патничкото возило, откако направил сообраќајна незгода, објави МВР.
Црна хроника
Се степале вработени во болница во Карпош
Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени во установата.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, објави МВР во дневниот билтен.