Црна хроника
Жител на неготинско Криволак осомничен за производство на марихуана
Основното јавно обвинителство Кавадарци донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори казниво според Кривичниот законик.
Осомничениот 21-годишник, во дворот на куќата во која живеел во селото Криволак, општина Неготино, неовластено одгледувал 33 стебла од растението канабис сатива, од кое со обработка се добива наркотична дрога марихуана. Дополнителни четири стебла тој одгледувал и на парцела во близина на ЈП „Исар“ во Штип, соопшти полицијата.
Јавниот обвинител, оценувајќи дека се исполнети законските основи, до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Кавадарци доставил предлог за определување мерка притвор. Поради опасност од бегство и можност да го повтори делото, судијата на претходна постапка го прифати предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.