Црна хроника
Жител на светиниколско Сопот смртно настрада во пожар
Педесет и осумгодишен жител на севетиниколското село Сопот, смртно настрада во саботата во пожарот кој избувнал во неговиот дом, инфомираа во неделата од Министерството за внатрешни работи.
Во саботата околу 09,30 часот во село Сопот, светиниколско, во дворот од куќата на Ж.П. (58), настанал пожар во помошна просторија.
При гаснење на пожарот од страна на месното население пронајден е починат сопственикот.
Увид на местото на настанот извршиле увидна екипа од Полициската станица Свети Николе, а смртта била констатирана од страна на мртвопроверител, како последица на карбонификација без знаци на насилство.
Телото на починатиот е предадено на семејството за погреб./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.