Црна хроника
Загина велешанец, со возилото излетал од патот Скопје – Велес
На 06/07.02.2020 во времето од 20,10 до 10,40 часот на автопатот Скопје–Велес, на околу 900 метри пред тунелот Канара-Велес, патничко моторно возило „хјундаи“ со велешки регистарски ознаки управувано од Б.М.(38) од Велес излетало надвор од коловозот. Во незгодата возачот починал на местото на настанот. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Велес.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Почина затвореник во Идризово
Вчера во 19:15 часот во СВР Скопје, од Казнено поправна установа Идризово Скопје било пријавено дека Р.Ф.(52) од с.Речане-гостиварско (осудено лице) починал, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи знаци на насилство.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.
Црна хроника
Украден сеф со пари од продажен објект во Карпош
Во 03.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во продажен објект на подрачјето на Карпош, од страна на непознати сторители, со употреба на физичка сила било влезено и одземен бил сеф со пари.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Со трактор излетал од коловоз, тешко повреден маж во Виничко
Вчера, во 17 часот, во Полициската станица Виница било пријавено дека во село Трстија, Виничко, трактор „фергусон“, со штипски регистарски ознаки, управуван од 63-годишниот С. Ј. од село Нов Караорман, општина Карбинци, излетал од коловозот, извести МВР.
„Во несреќата тешки телесни повреди добил возачот, констатирани во Клиничката болница во Штип“, соопшти МВР.
Извршен бил увид од екипа на ОВР Виница.