Црна хроника
Заедно со мајка си гостиварец ја тепал сопругата
Мајка и син се обвинети за телесна повреда при семејно насилство во Гостивар.
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе обвинителен предлог против две лица што се товарат за кривично дело телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
Осомничените мајка и син при вршење семејно насилство телесно ја повредиле сопругата на обвинетиот, односно снаа на обвинатата.
За време на семејниот ручек на 19 март, мајката и синот ја обвиниле оштетената дека краде предмети од дома и ги носи кај својата мајка по што физички ја нападнале.
Ја удирале со закачалка и со тупаници и клоци нанесувајќи ѝ телесни повреди.
Сестрата на обвинетиот успеала да ги оттргне по што оштетената се заклучила во собата и настанот го пријавила во полиција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.