Црна хроника
Запленет хероин, приведени двајца дилери од Штип
Две лица од Штип се лишени од слобода кога при контрола кај нив било пронајдено пакување со хероин, информира Министерството за внатрешни работи.
Од таму појаснуваат дека денеска полициските службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, во содејство со СВР Скопје – Единица за недозволена трговија на наплатната рампа „Миладиновци“ ги лишија од слобода Т. З. (43) и Ш. Н. (30), двајцата од Штип.
При извршена контрола на патничко возило „голф“, со штипски регистарски ознаки, управувано од Ш. Н. од Штип, во кое сопатник бил Т. З., и преглед над двете лица, полициските службеници кај лицето Т. З. пронашле полиетиленско пакување хероин. Двајцата се приведени во Полициската станица Гази Баба, а по документирање на случајот, ќе биде поднесена кривична пријава по член 215 од Кривичниот законик, известува МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Мотоциклист удри во пешак на „Партизанска“, двајцата повредени
Синоќа, на булеварот Партизански одреди во Скопје, мотоцикл „дукати“, со скопски регистарски ознаки, управуван од Е. П. (27) од Скопје, удрил во пешакот Н. Ѓ. (30) од с. Рашче, Скопско.
Во несреќата тешки телесни повреди добил пешакот, а мотоциклистот добил телесни повреди, констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје, објави МВР.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.
Црна хроника
Почина затвореник во Идризово
Вчера во 19:15 часот во СВР Скопје, од Казнено поправна установа Идризово Скопје било пријавено дека Р.Ф.(52) од с.Речане-гостиварско (осудено лице) починал, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи знаци на насилство.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.
Црна хроника
Украден сеф со пари од продажен објект во Карпош
Во 03.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во продажен објект на подрачјето на Карпош, од страна на непознати сторители, со употреба на физичка сила било влезено и одземен бил сеф со пари.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.