Црна хроника
Затвореник пуштен на тродневно отсуство извршил тешка кражба сред Центар
Осуденик од „Идризово“ пуштен на тродневно отсуство извршил тешка кражба во Скопје.
Затвореникот со употреба на сила одзел паричник од повозрасна жена, на паркинг просторот кај хотелот „Холидеј ин“.
Ф.Р. се приближил од позади грб до повозрасна жена и со употреба на сила ѝ го одзел паричникот што го држела в рака, по што побегнал од местото. Со помош на двајца граѓани, сведоци на настанот, Ф.Р. бил лоциран, лишен од слобода и приведен во Полициската станица Центар. Со него истиот ден бил извршен разговор и било констатирано дека тој е осуденик во казнено-поправната установа „Идризово“, кој бил пуштен на тридневно отсуство. Со наредба од Јавен обвинител, Ф.Р. бил вратен во казнено-поправната установа „Идризово“, соопшти МВР во дневниот билтен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривични за родителите кои им дозволиле на нивните малолетни деца да живеат вонбрачно
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе две кривични пријави против Н.Ф.(38) и С.Ф.(34), двајцата од Пехчево и В.Т.(54) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“.
Пријавените, во период од втората половина на 2023 до 22.02.2024 им овозможиле на нивните малолетни деца, кои се во љубовна врска, да живеат вонбрачно, објави МВР во гдневниот билтен.
Црна хроника
Teтетовец со украдено возило направил сообраќајка
Полицијата поднесе кривична пријава против Л.А.Т. (18) од Тетово поради „тешка кражба“ во обид, „одземање на моторно возило“ и „кражба“.
На 03.02.2024, пријавениот со погоден предмет се обидел да влезе во куќа во Тетово, но бил затекнат од сопственикот.
На 10.02.2024 во двор од куќа одзел патничко возило „цитроен“, а во текот на истиот ден од плац на лице од Тетово одзел мотоцикл „јамаха“, кој го оставил во с.Долно Седларце, тетовско, заедно со патничкото возило, откако направил сообраќајна незгода, објави МВР.
Црна хроника
Се степале вработени во болница во Карпош
Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени во установата.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, објави МВР во дневниот билтен.