Црна хроника
Затворени два угостителски објекта во Гостивар
Два угостителски локал во Гостивар синоќа биле затворени, а сопствениците уапсени бидејќи работеле по 18 часот, соопшти МВР.
Синоќа, околу 19.15 часот, на улицата Илинденска во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово – одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода Љ. Н. (50) од Гостивар затоа што неговиот угостителски објект бил отворен по 18 часот и во него престојувале неколку лица.
Тој бил задржан во Полициската станица Гостивар и по целосно документирање на случајот, ќе му биде изготвен поднесок поради сомнение дека сторил кривично дело непостапување според здравствени прописи за време на епидемија (член 206 од Кривичниот законик). Објектот бил затворен од Државниот пазарен инспекторат.
Во текот на вчерашниот ден, околу 22 часот, полициски службеници на СВР Тетово – одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода Џ. В. (62) од Гостивар затоа што неговиот угостителски објект на улицата Илинденска во Гостивар работел по дозволеното време и во него се наоѓале неколку лица.
По документирање на случајот, против Џ. В. ќе биде поднесена пријава по член 206 од Кривичниот законик поради сомнение дека сторил кривично дело непостапување според здравствени прописи за време на епидемија. И овој објект бил затворен од Државниот пазарен инспекторат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Ја нападнал на работно место во Карпош, па и се заканувал со нож на поранешната сопруга
Вчера било пријавено дека 33-годишна жена на подрачјето на Карпош била нападната од својот поранешен сопруг кој притоа и се заканил со нож.
„На 17.04.2024 во 19.00 часот во СВР Скопје, 33-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 12.00 часот на работното место во фирма на подрачјето на Карпош била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг З.Б.(37) од Скопје, кој ѝ се заканил и со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“.
Црна хроника
Ограбиле менувачница во Чаир, украле сеф со пари и избегале со возило без таблички
Вчера во 10.15 часот во СВР Скопје, М.Д.(42) од Скопје пријавил дека околу 04.20 часот неколку лица со употреба на сила и погоден предмет влегле во неговата менувачница на подрачје на Чаир и одзеле сеф со пари, по што заминале со патничко возило „фолксваген џета“ без регистарски ознаки.
По преземени мерки и активности, возилото било пронајдено на паркинг простор на подрачје на Чаир.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија.
На 16.04.2024 во 11.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во нотарска канцеларија во Скопје, Б.Ј. од Скопје физички нападнал една вработена.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.