Црна хроника
Затворени два угостителски објекти во Охрид, кои работеле и покрај забраната
Безбедносната состојба на подрачјето на седум општини што ги покрива СВР Охрид е стабилна. Изминатово деноноќие, во периодот од 07.00 часот вчера на 07.00 часот денеска, забраната за движење за време на спроведување на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на коронавирус COVID-19, ја прекршиле две лица (Струга-1 и Кичево-1).
Во Охрид околу 20.30 часот и во охридското село Лескоец околу 22.30 часот, два угостителски објекта не ја почитувале забраната за работа и вршеле послужување на гости. Притоа, во угостителски објект лоциран на плоштадот „Крушевска Република“ во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир, по што приведен е сопственикот на објектот. Од страна на Државниот пазарен инспекторат, објектите се затворени и против сопствениците ќе биде поднесена кривична пријава.
Полициските службеници во Охрид укажаа помош на лице со нарушено здравје кое, од улицата „Питу Гули“ е префрлено во Општата болница. Непречено се одвива контролата на лица кои се под мерките задолжителен државен карантин, здравствен надзор и домашна изолација и задолжителна 14 дневна самоизолација.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривични за родителите кои им дозволиле на нивните малолетни деца да живеат вонбрачно
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе две кривични пријави против Н.Ф.(38) и С.Ф.(34), двајцата од Пехчево и В.Т.(54) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“.
Пријавените, во период од втората половина на 2023 до 22.02.2024 им овозможиле на нивните малолетни деца, кои се во љубовна врска, да живеат вонбрачно, објави МВР во гдневниот билтен.
Црна хроника
Teтетовец со украдено возило направил сообраќајка
Полицијата поднесе кривична пријава против Л.А.Т. (18) од Тетово поради „тешка кражба“ во обид, „одземање на моторно возило“ и „кражба“.
На 03.02.2024, пријавениот со погоден предмет се обидел да влезе во куќа во Тетово, но бил затекнат од сопственикот.
На 10.02.2024 во двор од куќа одзел патничко возило „цитроен“, а во текот на истиот ден од плац на лице од Тетово одзел мотоцикл „јамаха“, кој го оставил во с.Долно Седларце, тетовско, заедно со патничкото возило, откако направил сообраќајна незгода, објави МВР.
Црна хроника
Се степале вработени во болница во Карпош
Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени во установата.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, објави МВР во дневниот билтен.