Црна хроника
Затворен за сообраќај граничниот премин Ново Село-Златарево
Поради пожар што избувнал на бугарска страна, на самиот граничен премин, денеска околу 16 часот, затворен за сообраќај е граничниот премин Ново Село-Златарево, соопшти МВР.
„Според информациите кои ги добивме од бугарска страна, прекинот или забраната за товарен сообраќај ќе трае неколку дена, но поради сериозноста на настанот не се во можност да информираат поконкретно. По добивање официјален став од нивна страна, дополнително ќе информираме кога ќе биде пуштен патничкиот и товарниот сообраќај“ информира Царинската управа.
Оттаму ги советуваат граѓаните кои сакаат да патуваат во Република Бугарија, да ги користат останатите гранични премини до добивање на известување од бугарска страна дека истиот ќе може да се користи повторно.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Маж и женa нападнати со метален предмет во Ранковце
Синоќа во 22.50 часот во Полициско одделение Ранковце Д.И. (34) пријавил дека во село Ранковце со метален предмет бил нападнат од Т.А. , а исто така Б.Т. пријавила дека била физички нападната од Д.И.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче
Радовишанец со месеци силувал малолетничка
Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.