Црна хроника
Затворен угостителски објект во Гостиварско, работел по дозволеното време
Во контрола на полициски службеници од Гостивар затворен е угостителски објект во с. Беловиште, информираат од МВР.
Вчеравечер, во 21.20 часот, полициски службеници од Гостивар, заедно инспектори од Државниот пазарен инспекторат, извршиле контрола во угостителски објект во с. Беловиште, Гостиварско, сопственост на П. М. (50), при што констатирале дека објектот работи по дозволеното време за работа и внатре биле затекнати седум лица заедно со сопственикот.
Поради непочитување на работното време, односно постапување спротивно на препораките од Владата, објектот бил затворен од Државниот пазарен инспекторат, а сопственикот бил лишен од слобода и приведен во полициска станица.
По целосно документирање на случајот, против П. М. ќе биде поднесена пријава поради непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, информираат од МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
156 санкции за брзо возење на територијата на Македонија
Во текот на вчерашниот ден, Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 156 возачи.
Од нив пет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 73 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 83 надвор од населено место.
Црна хроника
Кој кого тепал – Семејна драма во Драчево
26-годишна жена вчера во 13.53 часот во СВР Скопје пријавила дека во домот на подрачјето на Драчево била физички нападната од нејзиниот 39 – годишен сопруг.
Полицијата информира дека исто така, во 14.10 часот, 39 – годишниот сопруг пријавил дека во домот бил физички нападнат од неговата 26 – годишна сопруга.
Според надлежните, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Претепан возач на автобус на ЈСП
Возач на автобус на ЈСП бил претепан од едно лице со употреба на тврд предмет.
Имено синоќа во 20.50 часот во СВР Скопје, А.З.(47) од Скопје пријавил дека околу 20.30 часот на подрачјето на Центар, додека извршувал работни задачи како возач на автобус на ЈСП, бил физички нападнат од едно лице, кое употребило тврд предмет.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.