Црна хроника
За време на продолжениот викенд во Скопје 22 сообраќајки и 12 повредени
Во текот на изминатите денови на подрачјето на Скопје се случиле 22 сообраќајни незгоди од кои една со тешки телесни повреди, седум со телесни повреди и 14 со материјална штета. При сообраќајните незгоди едно лице се здобило со тешки телесни повреди и 11 лица се здобиле со лесни телесни повреди.
Санкционирани се 21 возач бидејќи се возеле со брзина поголема од дозволената, а од сообраќај се исклучени 49 возачи, и тоа: 44 возачи затоа што управувале возила пред да се стекнат со право за управување на моторно возило, тројца биле возачи почетници, а двајца бидејќи возеле под дејство на алкохол.
Исто така, девет возачи се санкциониран бидејќи поминале крстосница на црвено светло, двајца не дале првенство на минување на пешаци, а петмина неправилно се престроиле. Покрај ова од сообраќај се исклучени 34 возила – од нив 30 поради тоа што биле нерегистрирани и четири возила затоа што биле технички неисправни.
Во однос на пешаците – двајца пешаци се санкциониран бидејќи поминале коловоз надвор од пешачки премин. Во текот на изминатите денови издадени се 79 мандатни платни налози, додека 30 возила се подигнати со „пајак”.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Жена истепана од својот вонбрачен партнер во центарот на Скопје
Вчера попладне во 13.00 часот во СВР Скопје, 48-годишна жена пријавила дека на 21.04.2024 околу 00.15 часот на подрачјето на Центар била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер, 49-годишниот М.М. од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Расправија околу сообраќајна незгода заврши со тепачка меѓу двајца скопјани
Вчера попладне во 17.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Ѓорче Петров, по расправија околу претходно случена сообраќајна незгода, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 60-годишниот В.А. и 34-годишниот М.Ч., двајцата од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Во Тетовско, во предизборен молк се лепел пропаганден материјал, полицијата го расчистува случајот
Денеска во 01.05 часот полициски службеници од СВР-Тетово постапиле по пријава дека лица кои биле со патничко моторно возило, во тетовски села, во период на предизборен молк, лепат пропаганден материјал за претстојните претседателски избори, при што во тетовско Синичане биле затекнати Р.Р.(19) и малолетник, двајцата од истото село, како поставуваат пропагандни материјали за кандидат за претседател на претстојните претседателски избори, извести МВР.
Со нив е извршен службен разговор во Полициско одделение-Камењане, известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.