Црна хроника
За еден ден во Скопје се случиле осум сообраќајни несреќи
Во текот на изминатот ден на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле вкупно осум сообраќајни незгоди од кои една сообраќајна незгода со тешки телесни повреди, четири сообраќaјни незгоди со телесни повреди и три со материјална штета, соопштија од МВР.
Како што наведуваат од полицијата, во сообраќајните незгоди едно лице се здобило со тешки телесни повреди и пет лица се здобиле со телесни повреди.
Од преземените мерки и активности, како што соопштија од полицијата, констатирано е дека 25 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 15 возачи од кои: двајца возачи затоа што управувале возила под дејство на алкохол, 11 возачи управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и двајца возачи затоа што биле возачи почетници.
Исто така, стои во соопштението на МВР, исклучени од сообраќај се и девет возила бидејќи биле нерегистрирани. Санкционирани се двајца возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, тројца возачи поради неправилно престигнување и пет возачи поради непоседување зимска опрема. Во текот на изминатиот ден издадени се 65 мандатни платни налози и 70 возила се подигнати со специјално возило „пајак”, посочуваат од полицијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Ја нападнал на работно место во Карпош, па и се заканувал со нож на поранешната сопруга
Вчера било пријавено дека 33-годишна жена на подрачјето на Карпош била нападната од својот поранешен сопруг кој притоа и се заканил со нож.
„На 17.04.2024 во 19.00 часот во СВР Скопје, 33-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 12.00 часот на работното место во фирма на подрачјето на Карпош била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг З.Б.(37) од Скопје, кој ѝ се заканил и со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“.
Црна хроника
Ограбиле менувачница во Чаир, украле сеф со пари и избегале со возило без таблички
Вчера во 10.15 часот во СВР Скопје, М.Д.(42) од Скопје пријавил дека околу 04.20 часот неколку лица со употреба на сила и погоден предмет влегле во неговата менувачница на подрачје на Чаир и одзеле сеф со пари, по што заминале со патничко возило „фолксваген џета“ без регистарски ознаки.
По преземени мерки и активности, возилото било пронајдено на паркинг простор на подрачје на Чаир.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија.
На 16.04.2024 во 11.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во нотарска канцеларија во Скопје, Б.Ј. од Скопје физички нападнал една вработена.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.