Црна хроника
За еден ден во Скопје 18 возачи исклучени од сообраќај
Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје се случиле шест сообраќајни незгоди, од кои во две двајца скопјани добиле телесни повреди, а четири биле со причинета материјална штета, информираат од полицијата.
Од преземените мерки и активности констатирано е дека 49 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 18 возачи, од кои 15 управувале возила без да стекнат право за управување моторно возило, еден возач затоа што бил возач почетник и двајца затоа што управувале возила под дејство на алкохол.
Исто така, исклучени од сообраќај се и 10 возила бидејќи биле нерегистрирани, посочуваат од МВР.
Санкционирани се тројца возачи поради поминување крстосница на црвено светло, двајца поради недавање првенство на минување пешаци, двајца поради неправилно престројување, двајца поради непоседување пропишана зимска опрема, пет возачи поради недавање првенство на минување возила на крстосница, четворица поради неносење сигурносен појас при управување моторно возило и 19 поради користење мобилен телефон при управување возило.
Во однос на пешаците, санкционирани се седум пешаци поради поминување коловоз надвор од пешачки премин и еден пешак затоа што поминал коловоз на црвено светло. Во текот на изминатиот ден издадени се 71 мандатен платен налог и 68 возила се подигнати со специјалното возило „пајак“, велат од полицијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.