Црна хроника
За еден ден 10 сообраќајни несреќи во Скопје
Во текот на изминатот ден во Скопје се случиле вкупно 10 сообраќајни незгоди од кои две со тешки телесни повреди, пет сообраќaјни незгоди со телесни повреди и три со материјална штета.
Во сообраќајните незгоди две лица се здобиле со тешки телесни повреди и шест лица се здобиле со телесни повреди. Од преземените мерки и активности констатирано е дека 31 возач управувале возила со брзина поголема од дозволената.
Од сообраќај се исклучени 20 возачи од кои: пет возачи затоа што управувале возила под дејство на алкохол, 12 возачи управувале возила без да се стекнат со право за управување моторно возило и тројца возачи затоа што биле возачи почетници. Исто така, исклучени од сообраќај се и 19 возила бидејќи 15 биле нерегистрирани, три возила биле технички неисправни и едно поради претовар. Санкционирани се двајца возачи поради поминување крстосница на црвено светло, двајца поради неправилно престројување, осум возачи поради неправилно престигнување и двајца возачи поради неносење заштитен шлем (кацига).
Во однос на пешаците, санкционирани се тројца пешаци затоа што поминале коловоз на црвено светло.
Во текот на изминатиот ден издадени се 82 мандатни платни налози и 52 возила се подигнати со специјално возило „пајак”.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривични за родителите кои им дозволиле на нивните малолетни деца да живеат вонбрачно
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе две кривични пријави против Н.Ф.(38) и С.Ф.(34), двајцата од Пехчево и В.Т.(54) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“.
Пријавените, во период од втората половина на 2023 до 22.02.2024 им овозможиле на нивните малолетни деца, кои се во љубовна врска, да живеат вонбрачно, објави МВР во гдневниот билтен.
Црна хроника
Teтетовец со украдено возило направил сообраќајка
Полицијата поднесе кривична пријава против Л.А.Т. (18) од Тетово поради „тешка кражба“ во обид, „одземање на моторно возило“ и „кражба“.
На 03.02.2024, пријавениот со погоден предмет се обидел да влезе во куќа во Тетово, но бил затекнат од сопственикот.
На 10.02.2024 во двор од куќа одзел патничко возило „цитроен“, а во текот на истиот ден од плац на лице од Тетово одзел мотоцикл „јамаха“, кој го оставил во с.Долно Седларце, тетовско, заедно со патничкото возило, откако направил сообраќајна незгода, објави МВР.
Црна хроника
Се степале вработени во болница во Карпош
Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени во установата.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, објави МВР во дневниот билтен.