Црна хроника
За едно деноноќие 13 сообраќајки во Скопје
Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле вкупно 13 сообраќајни незгоди од кои една со тешки телесни повреди, шест со лесни телесни повреди и шест со материјална штета. Во сообраќајните незгоди едно лице се здобило со тешки телесни повреди, а седум лица со лесни телесни повреди.
Од преземените мерки и активности констатирано е дека 10 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 27 возачи, а од нив: четворица поради тоа што управувале моторно возило под дејство на алкохол, 17 возачи управувале возила без да се стекнат со право за управување моторно возило и шестмина затоа што биле возачи почетници.
Исто така, санкционирани се двајца возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, десетмина – поради неправилно престројување, двајца возачи неправилно престигнувале, тројца не дале првенство на минување на пешаци и десет возачи се санкционирани поради неносење заштитен шлем (кацига). Покрај ова, од сообраќај се исклучени 24 возила бидејќи биле нерегистрирани, а две возила поради претовареност. Санкционирани се и четворица пешаци затоа што поминале коловоз надвор од пешачки премин, а тројца пешаци затоа што поминале коловоз на црвено светло. Во текот на изминатиот ден издадени се 261 мандатни платни налози, додека 57 возила се подигнати со специјално возило „пајак”.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Маж и женa нападнати со метален предмет во Ранковце
Синоќа во 22.50 часот во Полициско одделение Ранковце Д.И. (34) пријавил дека во село Ранковце со метален предмет бил нападнат од Т.А. , а исто така Б.Т. пријавила дека била физички нападната од Д.И.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче
Радовишанец со месеци силувал малолетничка
Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.