Црна хроника
Извршен увид на местото на кое загина работник во Кривогаштани
Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп со екипа од крим-техниката од МВР – ОВР Прилеп и во присуство на државен инспектор за заштита при работа изврши увид во селото Бела Црква, општина Кривогаштани, каде што утрово, при поставување канализациска мрежа во ископ, еден работник го загуби животот.
Работникот, на возраст од 63 години, бил ангажиран за вршење работи од фирма од селото Велешта, Струга. Тој бил затрупан од одрон на поголемо количество земја и починал на самото место.
Јавниот обвинител издаде наредби за обезбедување траги и предмети, кои може да послужат како доказ, и наредба за обдукција на телото на починатиот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Маж и женa нападнати со метален предмет во Ранковце
Синоќа во 22.50 часот во Полициско одделение Ранковце Д.И. (34) пријавил дека во село Ранковце со метален предмет бил нападнат од Т.А. , а исто така Б.Т. пријавила дека била физички нападната од Д.И.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче
Радовишанец со месеци силувал малолетничка
Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.